Македонија 28. мај 2019. / 18:08

Антикорупциска: Кривична одговорност за Јовановски и Панчевски – си ги вработиле внуците

Антикорупциска: Кривична одговорност за Јовановски и Панчевски – си ги вработиле внуците

Антикорупциската комисија бара кривична одговорност од актуелниот градоначалник на Прилеп, Илија Јовановски и екс претседателот на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, кривично да одговараат за вработување на своите внуци.

Предметите за утврден непотизам кај двајцата функционери, ќе завршат во основното јавно обвинителство, велат од комисијата.

Експертската јавност смета дека е неопходно антикорупциска повеќе да го користи кривичниот законик во отворање предмети за одговорност на функционери.

Антикорупциска, на експертскиот состанок на тема „Улогата на ДСКС“ најави дека во иднина дел од седниците нема да се јавни. На тој начин ќе криел идентитетот на подносителите на претставки.