Македонија 10. јули 2020. / 09:00

Антикорупциска ќе расправа за приговор поднесен од коалицијата „Обнова за Македонија“

Антикорупциска ќе расправа за приговор поднесен од коалицијата „Обнова за Македонија“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 34. седница на чиј дневен ред е постапувањето по приговори доставени од учесници во изборната кампања за претстојните предвремени парламентрани избори.

Комисијата ќе го разгледа приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ преку овластениот потписник Игор Јанушев.

Имајќи ги предвид препораките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19 и немањето соодветни услови, седницата ќе се одржи без присуство на медиуми, но во живо ќе може да се следи на линкот https://us02web.zoom.us/j/84541056980.