Македонија 09. мај 2019. / 13:02

Антикорупциска ќе ја проверува и продажбата на земјиштето кај Холидеј Ин

Антикорупциска ќе ја проверува и продажбата на земјиштето кај Холидеј Ин

Комисијата за спречување на корупција по своја иницијатива отвори предмет за продажбата на земјишетото спроти хотелот Холидеј ин, каде ќе се градат висококатници, пишува Фокус.

Антикорупција ќе истражува дали е незаконско окрупнувањето на земјиштето кај оваа локација, по што е извршена продажбата. Ќе се испитува и дали се прекршени основните начела за заштита на животната средина со изградбата на предвидените висококатници.

На денешната седница антикорупционерите одлучија да отворат и постапка за непотизам во случајот со вработувањето на ќерката на пратеничката на СДСМ Катерина Кузмановска. Според пријавата на ВМРО ДПМНЕ, Марија Кузмановска е вработена на скопска Гинекологија така што било злоупотребено дискреционото право на директорот и министерот.