Македонија 13. мај 2019. / 19:27

Антикорупциска ќе истражува зошто Иванов избра канцеларија во Џевахир

Антикорупциска ќе истражува зошто Иванов избра канцеларија во Џевахир

Антикорупциска ќе проверува дали има непотизам или судир на интереси во одлуката на досегашниот претседател Ѓорѓе Иванов да закупи канцеларии во зградите на Џевахир, пренесе Канал5.

Сопственик на становите е фирмата „Турмак“ во сопственост на Есап, Хамит и Јусуф Џефахир, семејството со кое Иванов има кумашински релации.

Закупот за двата стана со површина од 274 метри квадратни кои во петокот СОЗР ги изнајми на барање на Иванов за негов кабинет во зградите на Џевахир е во висина од 1,950 евра месечно, соопшти компанијата попладнево.

Договорот е склучен во времетраење од една година.