Македонија 17. септември 2019. / 21:12

Антикорупциска бара да му се одземат канцелариите на Црвенковски

Антикорупциска бара да му се одземат канцелариите на Црвенковски

Од Државната комисија за спречување на корупција вечерва испратија соопштение во кое појаснуваат дека бараат укинување на привилегиите, однос закуп на канцеларии на државна сметка и за двајцата поранешни претседатели, односно Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов.

Сакаме да ве известиме дека на денешната 22-ра седница на Државната комисија за спречување на корупција беше одлучувано по предмет отворен по сопствена иницијатива во врска со правата и привилегиите кои ги уживаат поранешни претседатели на државата. За потребите на јавноста сакаме да ве информираме и потенцираме дека денешните одлуки во врска со овој предмет се однесуваат на сите поранешни претседатели и барањето за раскинување на договорите за закуп се однесува на двајцата поранешни претседатели, велат од Антикорупциска.