Невладината организација„Анима Мунди“ најави кривична пријава за лицата кои се фотографиле со убиените диви свињи во националниот парк „Јасен“, во согласност со „Законот за ловство“.
-Очекуваме најстрога казна за прекршување на периодот за ловостој над дивите свињи во државното и како себеси се нарекуваат ВИП ловиште Јасен- пишува во обраќањето до јавноста.
Во обраќањето на невладината организација се додава:
-Амбиент од штотуку масакрирани 57 интелигентни и свесни живи битија, мирис на крв е нешто што предизвикува на секој нормален човек да му се згади. Но не и на наоружани до заби насилници умствено заглавени некаде таму во пештерско доба, кои во убивањето и смртта на послабите доживуваат своевидна екстаза, чувствуваат доминација и сила; задоволство – нас не би не чудело – слично на онаа при сексуално доживување- напишаа од „Анима Мунди“.