Македонија

Анѓушев се офајди со 4,7 милиони евра од грците

Анѓушев се офајди со 4,7 милиони евра од грците

Грчката  државна енегретска компанија (ППЦ), го одобри купувањето на македонската компанија за трговија со струја, ЕДС Групација, која е сопственост на вицепремиерот на македонската Влада, Кочо Анѓушев. Грците соопштија дека ја купуваат компанијата за 4,8 милиони евра.

-Ова превземање е дел од меѓународната стратегија на грчката  државна енегретска компанија за бизнис активности во Балканскиот регион, која се стреми да биде водечка сила во интеграција на енергетскиот пазар  промовиран од страна на ЕУ -стои во соопштението на Грчката  државна енегретска компанија (ППЦ)

Според Грчката државна енегретска компанија (ППЦ), ЕДС групацијата во моментов обезбедува електрична енергија на големите индустриски произведувачи и бизниси и обезбедува 320 Мегавати електрична енергија до нив.

ЕДС групацијата исто е активна на пазарот за струја на домаќинства во Србија каде ги снабдува со 10 мегавати електрична енергија.

Грчката  државна енегретска компанија (ППЦ) е најголем производител и снабдувач во Грција со околу 7,4 милиони потрошувачи.

Анѓушев ја продава компанијата за оваа сума, токму во периодот кога се интензивираат преговорите помеѓу Македонија и Грција за промена на името.