Македонија 23. ноември 2020. / 19:15

Ангелов: Ситуацијата е стабилна, но забележани се поситни инциденти

Ангелов: Ситуацијата е стабилна, но забележани се поситни инциденти

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денеска истакна дека состојбата е стабилна, но дека се забележани ситни инциденти по болниците. Тој исто така ја информираше јавноста дека припадниците на Армијата ќе помогнат да се одржува редот, но тие ќе бидат невооружени со цел да не се плаши народот.

Како што информира, одлуката ќе дојде од МВР, бидејќи полицијата треба да пресмета колку припадници на АРМ се потребни да асистираат при одржување на редот, невооружени. Во Ковид центрите обезбедувањето ќе биде 24 часа. Приватните болници заедно со министерот Венко Филипче треба да кажат колку војска им е потребно на помош. Планот на усвојување од Главниот штаб оди во Управувачкиот комитет во Владата.

– Се работи за ангажман на Армијата за одржување на редот во здравствените објекти, онаму каде што ќе побара министерството за здравство или на други стратешки објекти од областа на здравството или одредени магацини каде би имало здравствена опрема, истакна Стојанче Ангелов.

Тој исто така додаде дека припадниците на АРМ нема да бидат вооружени со цел да не се плаши народот.