Македонија 04. септември 2018. / 20:49

Ангела Меркел, Себастијан Курц и Јенс Столтенберг во Скопје

Ангела Меркел, Себастијан Курц и Јенс Столтенберг во Скопје

Столтенберг во среда, Курц в петок, а Меркел на 8 ми септември во сабота ова се високите претставници на ЕУ и НАТО кои неделава по овој распоред ќе ја посетат Македонија. Информациите за нивните посети ги потврдија и од владата иако повеќе детали за сега не откриваат.

Сепак за посетата на Меркел на Скопје потврдија и од нејзиниот кабинет а пак генерелниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во рок од 6 месеци веќе два пати ја посетува земјата. Премиерот Заев пак исто така информираше дека очекува бурна недела со претставниците на Европските земји и НАТО каде фокусот ќе биде престојниот референдум и евроатланските интеграции на земјава.

Токму европската перспектива на земјава беше една од темите на која што денеска говореа и претставничката на ЕУ делегацијата во Скопје Вирве Вимпари и Амбасадорот на Шпанија во Македонија Емилио Лоренцо Серра. Порачаа дека сакаат земјава да ја видат како дел од Европското семејство но и им порачаа на политичарите да не бават само со ветувања до следните избори туку и да бидат државници за идните генерации.

„Ги поздравувам сите иницијативи на оваа Влада. Да не гледаме само како товар и отежнување на работите. Сите да работиме на заедничка иднина. Дозволете ми да поентирам – Политичарите мислат само до следните избори а државниците за следните генерации.“ – изјави Вирве Вимпари Делегација на ЕУ во Македонија.

„Датумот е тешко да се предвиди, но сигурен сум дека Р. Македонија или Северна Македонија ќе стане поплнправна членка на ЕУ. Важно е да се зајакне административниот капацитет и да се усгласи законодавството во земјата со европската легислатива.“ – изјави Емилио Лоренци Серра Амбасадор на Шпанија во Р.Македонија.

Ваквите пораки, но и посетата на високите претставници доаѓа на само неколку дена пред официјалниот почеток на кампањата за референдумот кој пак треба да се одржи на 30 септември. Пораките кои и до сега ги праќаа високите претставници на ЕУ и НАТО беа дека иднината на земјата и нејзините евроатлански процеси ќе зависат токму од исходот на овој референдум.