Слушнав дека некој предложил идеја за онлајн заседанија на Комисијата, но јас лично сум скептичен кон таков начин на работа, зашто не успеавме да завршиме ништо корисно во директни контакти, а ако започнеме да комуницираме од далечина, сигурен сум дека тоа ќе биде искористено за тактичко одложување на работата. Не ми е пријатно да кажам, но досегашното искуство тоа го докажува. Дотолку повеќе што нашите колеги не го направија тоа, што беа должни да го направат-не го завршиле протоколот од последната наша средба. Ние ја испративме нашата верзија на протоколот, но веќе пет месеци немаме одговор.
Ова за БНТ го изјави претседателот на бугарскиот дел од Заедничката мешовита бугарско-македонска комисија за прашања за учебниците и историјата, поранешниот амбасадор Ангел Димитров.
Тој додава дека се создава и погрешна перцепција дека се завршени и забелешките за учебниците, иако тоа не е точно.
-Не сме стигнале до крајната позиција, зашто токму нашите забелешки за учебниците од Северна Македонија не се разгледани. И токму тука е проблемот дека ако ја префрлиме работата на онлајн, не сум сигурен дека ќе биде завршена со било какви резултати, изјави Димитров.