Македонија 30. ноември 2018. / 19:47

Андов: Убеден сум дека собраниското тело за помирување ќе успее

Андов: Убеден сум дека собраниското тело за помирување ќе успее

Првиот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, за 1ТВ изјави дека е убеден во собраниското тело за помирување.

Според Андов, премиерот Зоран Заев има добра замисла за народно помирување бидејќи македонското ткиво односно народот е многу поделен како резултат на политичките случувања во последните неколку години.