Македонија 03. октомври 2018. / 18:22

Андов: Предвремени избори за да не се пречекорат роковите од Договорот од Преспа

Андов: Предвремени избори за да не се пречекорат роковите од Договорот од Преспа

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, смета дека организирањето предвремени избори е единствениот и најбрз начин Македонија да не ги пречекори роковите предвидени за навремено заокружување на Договорот од Преспа, пренесе АлсатМ.

Андов вели дека вклучувајќи ги и 100 дена од техничката влада, процесот би бил одложен за еден месец, но додава дека ова треба да се усогласи со грчката влада.

Прашан за можноста за тајно гласање на пратениците, Андов вели дека тоа е можна опција.

Со последните измени во законот за влада, 100 дена пред изборите владата треба да биде од технички формат во која опозицијата би ги имала министерсите за внатрешни работи и за труд и социјална политика. Според законот од техничката влада заминува и премиерот и на негово место доаѓа друг привремен премиер од истата партија. Почитувајќи ја оваа законска одредба и распишување на избори според изборниот закон, 60 дена пред закажаниот датум, испаѓа дека земјата може на избори да оди кон крајот на месец февруари.

Ако не се оди со моделот техничка влада, тогаш можен датум за избори може да биде 25 ноември или 2 декември, но Собранието треба да се распушти на почетокот на идната недела. Која била од овие опции ќе го одложи процесот на уставни измени кои бараат повеќе од 100 дена работа во собранието во случај да не се обезбеди бараното двотретинско мнозинство. Тоа би влијаело и врз потпишувањето на пристапниот договор со НАТО и врз процесот на ратификација на овој договор во Грција која во втората половина од 2019-тата веќе влегува во предизборие.