Тоа лото играње со датуми за избори не доведе до ваква состојба во општеството. Знаете што се случи, Заев пред 20-на дена, ми се чини, имаше една изјава и мојот колега тука ја подржа таа изјава, дека сега вирусот не е толку јак и дека сега веќе нема да има такви случаи, а вчера читаме информација дека капацитетите на болниците во Скопје се над 80% полни и дека сериозен број од тие луѓе имаат тешка клиничка слика – изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 200 на „Алсат-М“ телевизија.
Андоновски потенцира дека тие како ВМРО-ДПМНЕ барале овие избори да се оджат подоцна за да се гарантира здравјето на граѓаните и да му се даде на ДИК повеќе време за да ги организира овие избори во ова ненормално време.
Во таква една ситуација ние баравме да се гарантира здравјето на граѓаните, но не со предлог од 2-3 мерки напишани на едно парче хартија како што кажаа од ДИК, туку баравме да тоа бидат стрикни протоколи и да му се даде време на ДИК како институција, да може да ги организира овие избори во еден тотално нелогично и ненормално време – изјави Андоновски.