Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното издание на „Филибастер“, ја коментираше изјавата на премиерот Заев дека ја контактирал британската разузнавачка служба за набавка на вакцини.
Тој смета дека таквата изјава на Заев, можеби е намерна за да се отргне вниманието на опозицијата и на јавноста од важните теми за граѓаните.
„Денеска прочитав една изјава на интересен млад градочалник во БиХ, Драшко Станивуковиќ кој што вели – полоша работа од криминалот е само кога институциите молчат,ама изгледа заборавил дека има уште полошо или најлошата работа е кога институциите го покриваат криминалот. Па така, во бројни вакви изјави за МИ6, за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, како да се обидува Владата или Зоран Заев да ги одбрани неговите соборци со бизнисмени или содружници во тоа друштво со ограничена одговорност коешто се нарекува Влада на Република Македонија, па кажува се’ за да го покрие срамот којшто ни се случува. Но, најстрашно е што нема одговорност“, рече Андоновски.