Треба да сме на јасно дека попис на Македонија и е потребен, но тој попис може да се направи електоронски и на тој начин нема да ризикувате ничие здравје, рече Стефан Андоновски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во Радио Лидер.
„Паднат е социјалниот живот, паднати се пријателствата и сега вие одеднаш ќе имате непознат човек којшто ќе влегува во 20 куќи дневно и сум сигурен дека дел од тие попишувачи ќе се разболат што е природен процес. И кога ќе го рашират вирусот во домовите во коишто ќе влезат, за каков попис зборуваме?“, рече Андоновски.
Според него се работи за попис кој значи покривање на предизборен коалициски договор.