Македонија 15. февруари 2021. / 22:39

Андоновска: Заев и Филипче ветуваа дека од секаде ќе ни пристигнат вакцини, а вакцинирани лица се уште имаме нула

Андоновска: Заев и Филипче ветуваа дека од секаде ќе ни пристигнат вакцини, а вакцинирани лица се уште имаме нула

Ние сме во моментов навистина хендикепирани сите со тоа што не може оние што сакаат да бидат вакцинирани, нагласи Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во „Радио лидер“.

Дневно Србија вакцинира 30.000 луѓе, досега има вакцинирано над 700.000 луѓе. Грција има 18.000 на дневна основа, 527.000 вкупно. Бугарија има на дневна основа по 3.000 вакцинирани, Албанија 100, Хрватска има 9.000, Турција има 150.000, Словенија има 2.500, а Кипар има 150. А, ние колку имаме? Ние имаме нула“, вели Марија Андоновска.

Андоновска се заблагодари на Србија и нивната Влада што донираа на Македонија вакцини против КОВИД-19.

„Но вакцините од Србија беа донација, ние требаше да набавиме вакцини. Нели излегуваа Заев и Филипче секој ден и повеќето од изјавите не им беа усогласени, но и едниот и другиот не убедуваа дека ние ќе добиеме вакцини на почетокот на годината, па потоа беше не на почетокот на годината, па на крај на јануари, па да дојде февруари. А, ние се уште да немаме вакцини туку да имаме од оние 8.000 ветени, да имаме 4.680“, рече Андоновска.

Андоновска потсети дека власта говореше едно време дека вакцините биле порачани па требало преку КОВАКС да пристигнат. Па велеа дека едни, па друг ќе ни дадат. Но тоа не треба да оди така, тоа треба да се сработи.

„Ние баравме од нив уште месеци наназад да ни кажат од каде имаат побарано. Значи другите земји не само што имаат една вакцина од еден производител, тие имаат и палета за бирање. Ние не сме во таква ситуација. Ние сме доведени во ситуација тоа што ќе ни дадат тоа да го примаме. А, камо ли ние да бараме“, истакна Андоновска.