Македонија 17. септември 2019. / 15:45

Андоновска: Докторите трошат 21.500 евра за школување, а земаат срамни 12 до 15 илјади денари

Андоновска: Докторите трошат 21.500 евра за школување, а земаат срамни 12 до 15 илјади денари

Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ во својот статус на Фејсбук пишува Блажена Огненовска да престане да се брука.

Ве молам информирајте ја Блажена, нека не се брука!
Знае ли Блажена дека најголем дел од докторите потрошиле 21.400€ за школување (додипломски, магистратура, докторат, специјализација) без да се вклучат дополнителнитете тековни трошоци во таа сума!?
Колку години треба да работат и со колкави примања, за да ги вратат финансиите кои ги имаат вложено во нивното образование!?
Да, докторите ја избрале својата професија од љубов и од хуман аспект, но тоа незначи дека нивниот труд не треба соодветно да се вреднува!
Знае ли Блажена дека тој СДСМ за кој зборува, вети 100.000 плата за докторите , а само година дена пред истекот на мандатот на оваа власт, платата не е ни половина од оваа сума!?
Ако има интерес Блажена, можам да и приложам извод од плата, да се увери.
Знае ли Блажена дека на некои клиники не се платени дежурствата!?
Знае ли Блажена дека младите доктори и стоматолози кои земале кредити да отворат приватни ординации, земаат 12.000-15.000 плата и едвај врзуваат крај со крај!?
Знае ли Блажена дека еден тон доктори и медицински персонал ја напушти државата, најповеќе во последните две години според статистичките податоци!?
Поразговарала ли Блажена со некој доктор за актуелните случувања во здравството!?
Искрено не верувам, инаку не би го говорела ова.
Затоа, информирајте ја!
И известете го СДСМ дека здравството е во клиничка смрт, потребна е реанимација!, стои во нејзниот пост на Фејсбук.