Македонија 10. декември 2019. / 13:25

Ана Камчева: Од страв и заради Јовче Ременски средбите со Горан Николовски не се одржуваа во УБК

Ана Камчева: Од страв и заради Јовче Ременски средбите со Горан Николовски не се одржуваа во УБК

Со поранешниот директор на УБК, Горан Николовски, имавме две средби, но тие на мое инстистирање не се одржаа во просториите на УБК, туку на други места. Тоа беше, пред се, од страв и моите сознанија за блискоста на Бојан Јовановски со сопругот на Фросина Ременски, Јовче Ременски, кој работеше таму, изјави на денешното рочиште за случајот „Рекет„ сведокот Ана Камчева, сопруга на Орце Камчев.

Камчева требаше да сведочи во петокот, но поради висока температура беше одложено бза денеска.

Одговарајќи на прашање на одбраната на Јовановски дали е точно дека од средбите нема службена белешка, Камчева одговори дека не знае, но потврди дека на состаноците не биле подготвени службени белешки.

-Горан Николовски ме праша зошто немам доверба во институциите на системот, а јас му одговорив дека не можам да имам кога знам дека Боки 13 е близок со судии, обвинители, политичари, со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој ме посоветува дека треба сите да работиме на враќање на довербата во институциите на системот, дека треба да имам доверба во обвинителката Вилма Русковска и дека информациите, што му ги дадов ќе бидат проследени, изјави Камчева.

Камчева се согласи дека пријавата на кривично-правниот настан требало да се направи со поднесување кривична пријава до обвинителството, но додаде:

-Да, но да не бидете во услови во кои јас бев.