Катица Јанева никогаш лично не ми побара пари, тоа беше направено преку Бојан Јовановски, изјави сведокот Ана Камчева на денешното рочиште за случајот „Рекет“.
Првото прашање, што и беше упатено, гласеше како била уверена во влијанието, што го имал Бојан Јовановски алијас Боки 13 врз Катица Јанева.
-Врз основа на тоа што располагаше со информации и точно знаеше кој бил повикан на разговор во специјалното обвинителство, кој бил во својство на сведок, знаеше со какви докази располага обвинителството, дека може да биде притворена и мајката на мојот сопруг, Ратка, рече Камчева.
Одбрана на Јанева имаше интенција да го збуни сведокот, па во таа насока ја запраша дали кога Бојан Јовановски на средба во 1ТВ и побарал пари тоа го сторил со знаење на Јанева?
-Да, претпоставувам дека знаела, рече Камчева.
Укажувањето на одбраната беше да се изјасни дали точно знаела или претпоставувала.
-Да, знам, гласеше одговорот.