Македонија 21. октомври 2018. / 18:48

Американскиот заменик-помошник државен секретар, Метју Палмер, утре доаѓа во земјава

Американскиот заменик-помошник државен секретар, Метју Палмер, утре доаѓа во земјава

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања, Метју Палмер, утре доаѓа во земјава во момент кога почнуваат процедурите за уставни измени.

САД ја поздравија одлуката на македонското Собрание за почнување на процесот на уставни измени, потребни за имплементација на Договорот со Грција и се очекува високиот американски дипломат да ја повтори поддршката. Палмер доаѓа од Белград, каде што изјави дека Македонија има историска и единствена шанса да влезе во НАТО и ЕУ преку институционално прифаќање на Договорот со Грција.