Утре, 08 февруари 2021 година, во еднодневна посета во нашата земја ќе пристигне генерал-мајор Џозеф Џерард, заменик – командант на американските сили во Европа, информира Министерството за одбрана.
Американскиот генерал Џерард во 12.00 часот во Министерството за одбрана ќе има средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.