Македонија 17. февруари 2020. / 12:09

Амбасадорката Брнс го поздрави успехот на досегашниот парламентарен состав

Амбасадорката Брнс го поздрави успехот на досегашниот парламентарен состав

По распуштањето на Собранието, американската амбасадорка Кејт Брнс, на фејсбук-страницата на Американската амбасада во Скопје, го поздрави успехот постигнат во минатите три години.

Според Брнс, тој успех ги опфаќа ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, Преспанскиот договор и неговата доследна примена, Договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на законите за Агенцијата за национална безбедност, Законот за јазиците, измените на Законот за одбрана, Законот за заштита од и спречување на дискриминација, но и Законот за Јавното обвинителство.

Овие постигнувања ја отсликуваат посветеноста на Северна Македонија кон списокот реформи што се спроведуваат заради доброто на нејзините граѓани и заради нејзината сигурна трансатлантска иднина – порача амбасадорката.