Македонија 08. февруари 2019. / 12:49

Амди Бајрам откри каква прва дама ќе биде неговата сопруга

Амди Бајрам откри каква прва дама ќе биде неговата сопруга

Потенцијалниот претседателски кандидат и лидер на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, за ,,Фокус” открива како реагирало неговото семејство за одлуката да се вклучи во трката за шеф на државата.

– Перјан на почетокот не беше баш многу расположена затоа што влегувам во претседателската трка, но потоа омекна и ми ја даде поддршката. Нејзината грижа можам да ја разберам. Имав здравствени проблеми во минатото, и токму поради моето здравје таа реагираше на тој начин. Тоа е нормална реакција на секоја сопруга која се грижи за својот животен сопатник. Но, сега сум добро, здравјето ми е во ред и имам сила да ја истуркам работата како што треба, до крај. Останатите членови на семејството уште веднаш ми кажаа дека ова е добар чекор и ме поддржуваат во сите мои одлуки. – вели тој за Фокус.

Амди Бајрам откри дека Перјан е голем хуманист, па одлично би се снашла во улогата на прва дама.

– Секој почеток е тежок. Знам дека кога Перјан би станала прва дама, на почеток ќе и треба време, прилагодување, но таа ќе се покаже во вистинското светло. Мојата сопруга цел живот е домаќинка, посветена е на семејството. Во душата е голем хуманист. Убеден сум дека со тек на време би можела да се истакне во организирање и иницирање на разни хуманитарни акции, како што тоа го прави и госпоѓата Маја Иванова. Ќе се однесува како што и треба да се однесува една прва дама, ќе ги следи сите настани, ќе даде свој придонес на повеќе полиња. Но, на крај, што и да се случи, на моето семејство и мене, најважно ни е тоа што јас ќе оставам еден траг и ќе биде запишано во историјата дека сум бил кандидат за претседател. – изјави Амди.