Македонија 27. февруари 2019. / 14:14

Амди Бајрам обвини дека е дискриминиран: Не можам да дојдам на ред за збор, да се бришам од пратеник

Амди Бајрам обвини дека е дискриминиран: Не можам да дојдам на ред за збор, да се бришам од пратеник

Пратеникот Амди Бајрам, се налути на колегите во Собранието бидејќи како што тврди, две седници по ред не можел да постави прашање, на седниците предвидени за пратенички прашања.

Обвини дека го дискриминираат затоа што е Ром и праша дали требало да даде оставка од пратеник.

Ова не е фер што го правите. И јас сум пратеник, народот ме избрал, или ја не сум важен зашто сум Ром? Сите ве почитувам, па дај бидете хуманитарни. Покажете се и дајте ми да дојдам на ред. Две седници не можам да поставам прашање од моите Роми за случувањата во Шутка. Како да не постојам, тогаш ајде ќе се бришам од пратеник и готово, рече разочараниот Бајрам на седницата за пратенички прашања.