Македонија 02. февруари 2021. / 07:54

Амбасадорот на Чешка во посета на Парламентот

Амбасадорот на Чешка во посета на Парламентот

Амбасадорот на Чешката Република во земјава Мирослав Томан денеска ќе го посети Собранието на Република Македонија.

Како што информират од собраниската прес-служба, амбасадорот Томан ќе се сретне со претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, Ненад Коциќ.