Претставник на амбасадата на Република Македонија во Атина денеска ја посети амбасадата на Албанија во грчката престолнина за да изрази сочувство до семејствата на жртвите и за загубите во земјотресот и да ја изрази поддршката на нашата земја до албанскиот народ.
Воедно тој се потпиша во Книгата на жалост и ја изрази поготвеноста на Владата на Македонија да пружи дополнителна помош за Албанија, доколку тоа биде потребно.