Македонија 01. март 2021. / 17:45

Алтернатива: Дијаспората не може да се попише, бараме пролонгирање на пописот

Алтернатива: Дијаспората не може да се попише, бараме пролонгирање на пописот

Од нашите сознанија од дијаспората, голем број од тие што сакале да се регистрират денеска онлајн, се соочуват со проблеми при регистрацијата, обвини Алтернатива преку партиско соопштение.

Техничките проблеми, враќање неколку пати во почеток на постапката за регистрација, неприфаќање на матичниот број и ред други проблеми, освен што предизвикуваат голем револт кај албанската дијаспора, создаваат и сомневање за манипулација со пописот. Имајќи ја предвид оваа ситуација, ние како Алтернатива апелираме до Државниот завод за статистика и до Владата на Македонија веднаш да се отстранат сите технички пречки за онлајн регистрација и до тогаш да се пролонгира пописот. Ако и после ова владата не преземе ништо, можеме да заклучиме дека пописот е целосно политички манипулиран, се вели во соопштението.