Како што соопштуваат од Алсат-M, тие дошле до листата предлози за управители и в.д. директори на јавни претпријатија кои треба да бидат изгласани на денешната владина седница која треба да се одржи попладнево.
Според информациите на Алсат-M, ова се имињата:
Висара Риза за в.д. дректор на Агенција за лекови и медицински помагала МАЛМЕД
Милан Запровски за в.д. директор на државен инспекторат за земјоделство
Емил Крстевски за в.д директор на Државен архив
Арбен Вила, за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извосот
Измит Нура, за заменик директор на Агенција за млади и спорт
Дејан Богоевски, за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем
Пајазит Лика, за в.д. заменик директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони
Армир Садики, за в.д. директор на Биро за јавни набавки
Ване Цветанов, за в.д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ
Рефик Мустафа, за в.д. директор на Управа за електронско здравство
Марјан Огненовски се разрешува од должноста управител на Трговско друштво „Нафтовод ДООЕЛ – Скопје
Зоран Исајловски за управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ – Скопје
Милутин Станиќ се разрешува од должноста директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците
Славица Тодорова, за директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.