Македонија 13. јуни 2020. / 20:30

Алијансата за Албанците бара бесплатно тестирањето за печалбарите

Алијансата за Албанците бара бесплатно тестирањето за печалбарите

Пандемичката состојба се влошува и очигледно е дека излегува од контрола. Владата докажува неспособност и ги оптеретува животите на граѓаните во секоја област од животот. Печалбарите кои се враќаат во својата татковина за да ги поминат годишните одмори со членовите на семејството, исто така, го доживуваат ова на своја кожа. На граница, на некои луѓе не им се прифаќаат тестовите направени во западните земји каде што работат, и ги принудуваат да се тестираат во С.  Македонија со надуени цени, до 100 евра, што предизвикува огорченост и разочарување од ненормално однесување на државата, каде што се родени, инвестираат и плаќаат даноци како и сите други граѓани и се главните автори за пополнување на државниот буџет, реагираат од Алијанса на Албанците.

Алијансата за Албанците го крева својот глас против оваа појава и бара од државните гранични власти да не бидат селективни на границата и да постапуваат правично кон сите граѓани и да не го влошуваат влезот на граѓаните во татковината.Сведоци сме дека повеќето тестови се донации од меѓународната заедница и бараме да бидат ослободени истите граѓани од нивната исплата како на границата така и во здравствените установи во рамките на државата.Исто така, бараме тестовите направени во западните земји да бидат прифатени како валидни и да се дозволи слободно движење на нашите печалбари, кои заслужуваат дури и повеќе, велат од Алијанса за Албанците.