Македонија 31. мај 2018. / 16:02

Алијанса за Албанците: Владата не успеа да ги исполни ветувањата

Алијанса за Албанците: Владата не успеа да ги исполни ветувањата

Алијанса за Албанците со критички тон се осврна на едногодишното владеење на коалицијата СДСМ-ДУИ. Според партијата на Села, Владата не успеала да ги исполни предизборните ветувања, бидејќи надежите за спроведување на реформите веќе згаснале. Како доказ за негативните резултати во правосудството од Алијанса го спомнаа случајот на Алмир Алиу а од таму сметаат дека Владата ги дискриминира Албанците и во економска смисла, со нееднаква распределба на буџетските средства. Од Алијанса го критикува и непочитувањето на опозиционите партии на Албанците во врска со разговорите за името.

“Реформите во образование и здравство се уште не се ни започнати, додека инфраструктурата во овие институции и натаму е мизерна. Не само што нема отворање нови работни места, туку заминувањето на младите од земјата досега до катастрофални размери. Како мисли премиерот Заев и неговата влада дека ќе ги спроведат најавените реформи со коалициски партнер одговорен за неуспесите на претходната влада”, изјави Флакрон Беџети – Алијанса за Албанците.