Македонија 31. декември 2019. / 14:15

Алијанса за Албанците: Годинава да не сме на последните места на ранг листите за добри работи, а на првите места за лоши работи

Алијанса за Албанците: Годинава да не сме на последните места на ранг листите за добри работи, а на првите места за лоши работи

Алијанса за Албанците со честитка до граѓаните за Новата година

Многу е тешко да се зборува за годините упропастени од оваа власт преточена во олигархија која ја зароби државата и ја злоупотребува власта. Оставаме зад нас уште една година со многу скандали, корупција, селективна правда, висока невработеност, прегазени медиуми и луѓе без надеж за добар ден, се вели во честитката.

Време е 2020 година да не ја обележи нашата земја на последните места на ранг листовите за добри работи, а на првите места за лоши работи. Нека имаме добар почеток во 2020 година. Нека оваа нова година донесе нов дух во земјата, оваа година нека биде година на надеж и промени. Промени што ќе ги донесеме сите заедно, со работа и можност да го победиме сето зло, порачаа од Алијанса на албанците