Македонија 13. ноември 2018. / 18:23

Алијанса на Албанците: Владата и МВР да сносат одговорност за театарот со апсењето на Груевски

Алијанса на Албанците: Владата и МВР да сносат одговорност за театарот со апсењето на Груевски

По веста дека Груевски е во Будимпешта и бара политички азил од Унгарија со своја реакција излезе Алијансата на Албанците.

-Владата и МВР да поведат сметка и да сносат одговорност за театарот што им го сервираа на своите гражани изминативе два дена во врска со апсењето на Груевски. Јавно ја прашуваме Владата и МВР, кои се актерите кои помогнаа во бегството на Груевски? На кој граничен премин избегал Груевски и која е политичката цена за да се реализира сценариото за ова бегство?-прашуваат тие.

Од Алијансата на Албанците бараат Владата да преземе одговорност  за скандалот, кој како што велат,  сериозно ги поткопува реформите во судството и го става под знак прашалник владеењето на правото.

-Последните случувања еднаш засекогаш ја поткопуваат надежта на обичниот граѓанин на Република Македонија дека еден ден ќе има правда во оваа држава“-се вели во соопштението на партијата.