Ставот на партиите на Албанците кои останаа во опозицијата останува непроменет, односно, лидерот на ДУИ, Али Ахмети смета дека нема потреба од лидерска средба меѓу партиите на Албанците во врска со прашањето за името, објави ТВ21.
Зијадин Села пак изјави дека воопшто не бил консултиран за важните прашања како што е прашањрто за името.
„Јас повикувам да се свика „масата на албанските парламентарни политички партии“ со цел да се дискутира, албанските партии да формираат заеднички став околу спорот за името. Доколку го брифирал неговиот партнер Мендух Тачи, јас тука не се мешам. Мене лично никој не ме брифирал за оваа тема“, истакна Села.
И Движењето Беса на Биљал Касами е изоставено од консултации.
„За среќа Албанците ја имаат „заедничката маса“ на политички партии и за сѐ што треба да се разговара за нашата земја токму тоа е местото. Но за жал ДУИ и Али Ахмети ја искористија само за политички поени, а не за координација и заштита на интересите на Албанците во Македонија“, велат од БЕСА.
Африм Гаши од групата на Беса која се вклучува во владината коалиција потврди дека на оваа тема разговарал со Али Ахмети во Охрид, во рамките на дијалогот „Жан Моне“.