Македонија 03. декември 2020. / 17:22

Алијанса-Алтернатива: На Османи му е назначен за шеф Бучковски, кој ќе ги има главните надлежности

Алијанса-Алтернатива: На Османи му е назначен за шеф Бучковски, кој ќе ги има главните надлежности

Опозицијата смета дека назначувањето на Бучковски за специјален претставник на Владата за спорот со Бугарија ја „закопува“ довербата во извршната власт, во министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски прашања, кои, според опозицијата, досега не успеале да најдат решение. Според коалицијата Алијанса -Алтернатива, дискредитацијата на албанските функционери е веќе добро позната појава во земјата.

На Бујар Османи му е назначен за шеф Владо Бучковски, кој ќе ги има главните надлежности да ги води преговорите со бугарската страна. Паѓаат сите предупредувања, пофалби на раководството на ДУИ дека Бујар Османи е важен фактор во одржување на разговорите со бугарската страна. Ова не се случува само сега. Постојано кога имало слични и отворени меѓусоседски прашања, како во случајот на Грција, албанските претставници за жал имале епизодна улога и повеќе биле донесени како непоканети гости за едно прашање за кој никој не ги прашува и немаат тежина во преговорите, вели Сурија Рашиди, Алијанса – Алтернатива.