Македонија 30. ноември 2020. / 15:44

Али Ахмети стана почесен доктор на Државниот универзитет во Тетово

Али Ахмети стана почесен доктор на Државниот универзитет во Тетово

Лидерот на ДУИ Али Ахмети од денеска е почесен доктор на Државниот универзитет во Тетово.

Титулата „доктор хонорис кауса“ на Ахмети му е доделена на Правниот факултет на ДУТ, објави Наставно-научниот совет.

– Согласно член 184 од Законот за високо образование на Р. Македонија и членовите 264 и 265 од Статутот на Универзитетот во Тетово, Наставно-научниот совет на Правниот факултет врз основа на одлуката за прифаќање на Иницијативата на ректорот на Универзитетот во Тетово Проф. Д-р Вулнет Амети за доделување на титулата Доктор Хонорис Кауза на г. Али Ахмети, соопштија од ДУТ.