Македонија 27. јануари 2020. / 21:47

Али Ахмети порача дека е неопходен ветинг за сите

Али Ахмети порача дека е неопходен ветинг за сите

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, вечерва во интервју во телевизијата Клан, зборувајќи за владеењето на правото и селективната правда, порача дека е неопходен ветинг.

На прашањето за случувањата поврзани со специјалното обвинителство, Ахмети потсети на ставот на ДУИ за вeтинг.

– Нашата земја има сериозна потреба од ветинг. Ветинг за политичари, министри, пратеници, градоначалници, судии, обвинители и сите. ДУИ е единствената партија што побара да се испита од обвинителството. Јас сам во тоа време сум побарал од Катица Јанева затоа што се соочуваме со клевети секој ден. Затоа ние бараме владеење на правото преку ветингот, рече Ахмети.

Ахмети потоа истакна дека ветингот и владеење на правото, се стига до неселективната правда како предуслов за економски развој и правна предвидливост.