Лидерот на Движењето Самоопределување и поранешен премиер на Косово, Албин Курти, штотуку најави дека наскоро ќе започне иницијативата за формирање на Движењето Самоопределување во Северна Македонија, пренесува порталот на албански јазик „Ин7“.
Оваа изјава Курти ја дал за време на митингот на Движењето Самоопределување на плоштадот Скендербеу во Приштина, каде се одбележаа 21-годишнината на Косово и 15-годишнината од основањето на движењето.
Денеска, на 15-годишнината од Движењето Самоопределување, покрај центарот во Република Албанија, започнуваме со иницијатива за формирање на Самоопределување во С. Македонија. Така, ќе има Самоопределување во Косово, во Албанија, во дијаспората, но Самоопределување ќе има и во С. Македонија. Така што следната година да не зборува само Бојкен Абази, туку од Скопје, Тетово, Гостивар ќе зборува и некој друг – изјавил Курти, пренесува „Ин7“.