Десетина примерни осуденици од затворот „Скопје“ гледаа театарска претстава, комедијата „Нешто пропуштаме“, во Театар „Комедија“. Од Министерството за култура за „Макфакс“ велат дека оваа акција е дел од активностите за ресоцијализација и едукација на затворениците.
Целта е да се следат препораките на Комитетот за спречување тортура на Советот на Европа, кои со години укажуваат на отсуство на какви било активности за едукација и ресоцијализација на осудениците во македонските затвори. Соработката предвидува посети на културно-уметнички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, работилници и настани со осудениците и со гости уметници.