Македонија 04. јуни 2018. / 12:47

Алаѓозовски доби нова функција – еве што му понудија

Алаѓозовски доби нова функција – еве што му понудија

Владата го именувала досегашниот министер за култура, Роберт Алаѓозовски, на функцијата национален координатор за развој на културата. Одлуката е веќе донесена и се чека да биде објавена во службен весник за Алаѓозовски да ја преземе новата функција.

Од Владата за „Фокус“ велат дека функцијата е предвидена со закон.

Алаѓозовски денеска му го отстапи министерското место во Култура на новоизбраниот министер, Асаф Адеми.