Македонија 04. април 2020. / 22:45

Активисти реагираат: Во Битола убиваат улични кучиња со изговор дека го ширеле корона вирусот

Активисти реагираат: Во Битола убиваат улични кучиња со изговор дека го ширеле корона вирусот

Tри битолски здруженија за заштита на животните реагираат дека од почетокот на април забележале дека исчезнуваат улични кучиња од локациите во градот на кои тие вообичаено се движат, а меѓу нив има и такви со и без ушни маркички.

Како што велат, според изјавите од сведоци, ЈП „Комуналец“ заловува и убива улични кучиња со изговор дека тие претставувале опасност од ширење на корона вирусот.

Нагласуваме дека според светските авторитети во хуманата и ветеринарната медицина – Светската здравствена организација (WHO) и Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE) во повеќе наврати е потенцирано дека според научните сознанија до денес – не постои опасност корона вирусот да се пренесе од миленик на човек. Истото во Македонија го пренесоа и потврдија и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и Ветеринарната комора на Република Македонија. Заловувањето на улични кучиња и нивното убивање како „мерка за превенција од корона вирусот“ претставува злоупотреба на службената должност и овластувањата и убиство на невини животни – се наведува во соопштението.

Здруженијата бараат одговор од надлежните, кој издал наредба да се заловуваат и убиваат кучињата.

Ја информираме јавноста дека заловените и усмртени кучиња со ушни маркички беа стерилизирани/кастрирани, вакцинирани и дехелминтизирани со помош на Фондацијата Бибевски – се наведува во реакцијата.