Македонија 25. јули 2019. / 17:46

Ахмети: Земјата да не се претвора себе си во протекторат, обвинител треба да избере Судскиот совет

Ахмети: Земјата да не се претвора себе си во протекторат, обвинител треба да избере Судскиот совет

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека тој нема предлог за тоа кој би требало да биде на чело на новото Обвинителство за криминал и висока корупција, пренесува ТВ21.

Ахмети за оваа телевизија изјавил и дека новиот обвинител треба да биде избран од Судскиот совет, а не да биде странец.

Земјата нема потреба да позајмува или себеси да се претвора во протекторат, бидејќи работите и процесите во земјата отидоа толку далеку што веќе сме член на НАТО и сме во пресрет на отворање на преговорите за во ЕУ. Нашата земја има капацитет и е добро организирана како во областа на правосудството, така и во законодавната и извршната власт – изјави Ахмети.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.