Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека сигурно Заев не бил среќен што ДУИ победила.
„Сигурно лидерот на СДСМ, Зоран Заев не се израдува со победата на ДУИ на последните предвремени парламентарни избори“, рече Ахмети.
Тој сепак додаде дека партнерството со ДУИ треба да продолжи бидејќи како што вели тој за време на тригодишниот заеднички мандат, направиле многу за сите граѓани.