Нема загриженост за гласините дека пратеникот на ДУИ Изет Меџити може да поднесе интерпелација против вицепремиерот Артан Груби и министерот за надворешни работи Бујар Османи, вели во интервју за ТВ 21 лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.
Нема загриженост, бидејќи, секако, доколку имаше такво нешто, сигурно господинот Меџити ќе разговараше со мене, но таквата тема досега не е отворена, изјави Ахмети.
Во однос на најавата на Блерим Беџети дека е можно да има интерпелација, Ахмети со став дека опозицијата покренува интерпелација, а за можноста тоа да биде покренато од некој од неговите сопартијци вели „зошто да не, демократија е … “.
Сепак, Ахмети, посочи дека не очекува никој од неговата партија да се приклучи на опозицијата во интерпелацијата.