Пристигна денот пријатели. После многу напори и труд, на крај успеавме да ја насочиме земјата кон европскиот сон, кон сигурната иднина, објави лидерот на ДУИ Али Ахмети на фејсбук.
-Денес сме рамноправни, членка на НАТО и со гарантирана европска перспектива. Пријатели, ова е сигурната иднина за која работевме толку многу.
Заедно успеавме!
Среќен ти роденден Европо!, објави Ахмети