Лидерот на ДУИ, Али Ахмети првиот дел од денешната средба ја оцени најпозитивно, имајќи предвид дека Владата се повлече од првичните позиции во интерес на државата и за опозицијата да го добие тоа што го бараше.
Ахмети вели дека вториот дел од средбата за него бил разочарувачки. Конечниот став на ДУИ е дека треба да се имаат предвид државните интереси, а тие се да бидеме членка на ЕУ и НАТО.
„Позицијата ги бранеше државните интереси. Разликите се во прашањето кое што треба да се постави на референдумот. Се разбира дека нормалниот тек на референдумот зависи и од прашањето кое што ќе го поставите. Во овој случај сакам да истакнам дека сите ние треба да ги ставиме државните интереси пред партиските интереси. И сметам дека во оваа ситуација опозицијата треба да ги стави пред сè државните интереси” – изјави Ахмети.
Тој рече дека дискутирани се многу детаљи и дебатирано е доста за ова прашање.