Откако вчера таткото на убиениот Александар Наќевски обвини дека потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта комуницирал со обвинетиот Фејзи Азири, Ахмети одговори дека остава расветлување на вистината во судската постапка. Не прецизираше дали е информиран дека петмина негови сопартијци директно се поврзани со петкратното убиство.
„Немам информации зошто не сум дел од тој процес и тие објаснувања би било добро да ги побарате во самиот процес.“ – изјави Али Ахмети – лидер на ДУИ.
Обвинетиот Азири се уште е на клиниката за пумологија, но од вчера е под полициски надзор. Полицијата вчера го нашла во болница. Од штипскиот затвор информираа дека барале да се распише потерница уште на 7ми март, кога ги известиле и судот и МВР. Откако му завршил отпустниот рок од еден месец од затворот во Штип и бил одбиен за да продолжи со отсуството во Азири требало да се врати и да продолжи со издржувањето на затворската казна. Но повеќе од еден месец Фејзи Азири бил на слобода. Претседателот на Кривичен Иван Џолев на брифинг посочи дека судијата не е тој кој бара распишување на потерница, туку е обврска на затворската управа која требало да го информира МВР.
Министерот за внатрешни Оливер Спасовски вели дека не задоцниле со апсењето, туку го обезбедиле кога го пронашле.
„Во однос на апсењето, не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено, стражарно е обезбедено на клиниката за пулмологија и потоа ги известивме медиумите.“ – изјави Оливер Спасовски.
Судскиот процес за Монструм вчера беше одложен токму поради отсуството на Фејзи Азири. Неговиот адвокат вели дека Азири бил хоспитализиран ден пред вчерашното рочиште. Родителите на убиените момчиња побараа претрес во седиштето на СДСМ за да се најдат бомби поврзани со овој случај и обвинија дека Заев со нив манипулира и уценуѕва. Социјалдемократија реагираа дека сите прислушувани разговори сега се во рацете на Специјалното обвинителство.