Партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми, оцени лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање каква е состојбата во владината коалиција.
Според Ахмети, има и разлики и предрасуди од, како што рече, некој член на нивната партија, но тоа не го загрозува партнерството.
– Секако дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство се до непочитување на партнерството. Нема никакви проблеми кои би не загрозувале нас, коалициските партнери – рече Ахмети, кој присуствуваше на приемот за 18 годишнината од Рамковниот договор, што се одржа вечерва во Клубот на пратениците.