Пред врховните судии е пресудата од тужбата поднесена од лидерот на ДУИ, Али Ахмети и екс вицепремиерот Муса Џафери, против екс разузанвачот Слободан Богоески за навреда и клевета. Судот ќе направи ревизија на тужбата, која со правосилна одлука на скопскиот Апелационен суд, е одбиена, односно е пресудено дека Богоески не ги наклеветил Ахмети и Муса, ниту, пак, треба да им плати отштетa. Скопска „двојка“ пред десетина дена го испратил предметот на „чешлање“ во Врховен.
-Ве известуваме дека предметот П5-25/18, на ден 12.09.2019 година од наша страна е пратен до ревизискиот суд, односно истиот е во постапка по ревизија пред Врховен суд на Република Северна Македонија, информирале од Основниот суд Скопје 2 за „Слободен печат“.