Македонија 23. октомври 2020. / 22:23

Ахмети – Хоти: Само преку договор земјите може да одат напред

Ахмети – Хоти: Само преку договор земјите може да одат напред

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.Али Ахмети,денеска во Собранието на Република С. Македонија оствари средба со премиерот на Република Косово, г.Авдула Хоти, кој престојува во
официјална посета на земјата.

За време на оваа средба со г. Хоти, лидерот на ДУИ г. Ахмети рече дека С. Македонија и Косово имаат одлични соседски односи и дека секогаш ќе останат исти.

Ахмети и Хоти разговараа и за проширувањето на соработката меѓу нашите две земји со цел економијата, стабилноста и просперитетот во регионот. Лидерот на ДУИ, г.Ахмети му честиташе на г.Хоти за постигнатиот договор во Вашингтон, кој го отвора патот за заемно признавање меѓу Косово и Србија и истовремено овозможува интеграција во НАТО и Европската Унија, бидејќи тоа е единствениот начин што гарантира подобар живот за сите граѓани на Балканот.

Претседателот на ДУИ, г.Али Ахмети за време на состанокот со премиерот на Република Косово г.Хоти разговараше и за достигнувањата на С. Македонија, споменувајќи го тука договорот со Атина и Софија и
ориентацијата на земјата кон Европската Унија.

Ахмети му порача на премиерот Хоти дека компромисите постигнати од С. Македонија со Грција и Бугарија треба да бидат референтна точка за дијалогот Косово-Србија, бидејќи само преку договор нашите земји
можат да одат напред.

На крајот од состанокот, лидерот на ДУИ, Ахмети истакна дека Република С. Македонија ќе ја поддржи Република Косово во спроведувањето на неопходните и важни реформи со цел да се поддржи владеењето на правото и правилното функционирање на косовските институции и во овој случај евро-атлантска интеграција, информираат од партијата.