Македонија 30. јануари 2019. / 14:12

Ахмети го свика Централното претседателство во Мала Речица

Ахмети го свика Централното претседателство во Мала Речица

Попладнево во 16 часот лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе ги свика сопартијците на Централно претседателство во Мала Речица, брифира за Плусинфо функционер на ДУИ.

Тема во Мала Речица ќе бидат и претседателските ибори, односно концептот за консензуален претседателски кандидат, како и потребата за внатрепартиски избори во пресрет на партискиот Конгрес. Тема ќе бидат и можните предвремени парламентарни избори.

Партијата ќе расправа и за актуелната политичка ситуација во земјава.